Штипска Брегалница и официјално по пауза од две години се враќа во Првата лига, откако попладнево со убедливи 7-0 славеше над прилепска Победа и го потврди првото место во Втората лига.
Со ист број на бодови заврши и Скопје, но штипјани имаат подобар меѓусебен дуел, па екипата од Автокоманда ќе игра во баражот за пополнување на прволигашката конкуренција. Таму ќе биде и Шкендија од Арачиново, која со пресврт славеше на гостувањето кај Каменица Саса со 2-4, откако на полувремето имаше негатива од 1-0.
Од Втората лига испаѓаат Вардар од Неготино, прилепска Победа, Слога од Виница, Преспа и Големо Коњари, додека во баражот ќе играат Кожуф, Тетекс и Каменица Саса.
Резултати – 30. коло (последно)
Тетекс – Големо Коњари 7-2
Скопје – Детонит Плачковица 5-1
Охрид Лихнидос – Слога 7-1
Преспа – Беласица 1-3
Каменица Саса – Шкендија 2-4
Новаци – Осогово 3-3
Брегалница – Победа 7-0
Вардар Н. – Кожуф 0-5


