Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, успеа да го одбрани првото место од квалификациите и дојде до победа на спринт-трката за ГН на Канада. Ландо Норис, иако беше трет во квалификациите, сепак на крајот успеа да дојде до второто место, откако финишираше пред водечкиот во генералниот пласман, Кими Антонели, кој мораше да се задоволи само со третото место.
Разочараа возачите на Ферари, Леклер и Хамилтон, кои спринтот во Канада го завршија на петтото, односно шесттото место, додека Пјастри дојде до четвртата позиција.
The results are in! 😮💨
Here are our points finishers from the first Sprint in Canada ⬇️#F1Sprint #CanadianGP @Gatorade pic.twitter.com/JEYIxyGryQ
— Formula 1 (@F1) May 23, 2026
Вечерва од 22 часот по македонско време се возат квалификациите за главната трка, а фаворитската улога ја има Расел со квота од 2.20, додека квотата за триумф на Антонели е 2.30.


