Чешки клуб ќе им се заблагодари на своите навивачи на несекојдневен начин

Чешкиот клуб Бохемиjанс 1905 објави дека планира да формира Ц-тим кој ќе се натпреварува во деветтиот ранг на чешкиот фудбал.

Она што ја прави оваа приказна особено интересна е фактот што тимот ќе биде составен исклучиво од навивачи на клубот.

Идејата на проектот е многу едноставна: навивачите се причината поради која Бохемиjанс може да продолжи да функционира, па клубот сега сака нешто да им возврати.

Целта не е тимот да се пробива низ лигашките рангови, но само замислете какви сцени би имало ако еден ден овие две екипи навистина се сретнат.

Клубот кој е формиран во 1905 година во моментов се натпреварува во највисокиот фудбалски ранг во Чешка, а оваа сезона финишираше на десеттото место.

- Оглас -

Најнови вести