Спектакл во доцните часови, Кралот ја пречекува грчката ѕверка

ЛА лејкерс – Милкови бакс (04:30ч)

Повеќе од два месеци се чекаше на нов судир на лидерите од Западот и Истокот, а овојпат Езерџиите ја имаат улогата на домаќини. Најефикасниот состав во лигата предводен од незадржливиот Јанис Адетокумбо гостува во „Стејплс центарот“ каде што се очекува да биде спектакл, а целото внимание ќе биде насочено кон директниот дуел на Леброн Џејмс и грчката ѕверка.

Милвоки ја доби првата пресметка сезонава со 111:104, во која Јанис брилјираше со дабл-дабл од 34 поени и 10 скока. Кралот во тој меч беше насекаде на паркетот, но неговиот троен учинок, како и 36-те поени на Дејвис не беа доволни да се запрат Елените. Реванширање е императив на Лејкерс, особено ако се знае дека ги загубија претходните шест средби против Милвоки.

Предлог тип: Т1 & T2 >109,5 поени (2.05)

 

Бредли Бил (Вашингтон визардс – Атланта хокс, 01ч)

Ѕвездата на Вашингтон го крена стандардот во последно време. Во отсуство на Јон Вол, Бредли блеска и редовно реализира по 30 или повеќе поени, па таков учинок се очекува и во дуелот против Атланта. Гостите најверојатно ќе бидат без услугите на Треј Јанг, првата ѕвезда на Хокс има настинка и дури пред почетокот на мечот ќе се знае дали ќе игра, а тоа значи дека Бил ќе има слободен пат да го одведе Волшебниците до посакуван резултат.

Вашингтон по четири последователни гостувања конечно игра пред своја публика, уште еден мотив за Бил да се покаже во добро светло.

Предлог тип: Бил >34,5 поени (1.87)

 

Бостон селтикс – Јута џез (02ч)

Кон крајот на февруари Бостон и Јута за првпат сезонава се сретнаа, а Келтите триумфираа на гостувањето со 114:103. Иако ноќеска играат на свој терен, на избраниците на Бред Стивенс нема да им биде лесно да го повторат учинокот ако се знае дека Џејлен Браун и Гордон Хејворд се во аут.

Двајца отсутни од првата петорка може многу да ги чини Селтикс, а доколку Џезерите одиграат според своите ноти, слатка ќе биде одмаздата. Исто така треба да се земе во предвид дека Бостон загуби во последните два меча кои ги одигра во својата сала, а Јута е во серија од четири гостински победи.

Предлог тип: 2 (2.30)

 

Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс пеликанс – Мајами хит, 02ч)

Ако ви се чини дека го форсираме Зајон, во право сте, но и тој самиот ни дава повод да се надеваме дека во секоја партија ќе бележи висок број на поени. Иако Вилијамсон е млад и ова му е дебитантска сезона, која половина ја пропушти поради повреда, првиот овосезонски пик одлично се снаоѓа на паркетот и воопшто не делува како новак.

Напредокот е очигледен со секој нареден меч, а и време е за Пеликаните да надлетаат некого бидејќи западнаа во мала криза. Играчите на Мајами се навикнати на жештина, но Зајон има моќ да ја направи температурата неподнослива.

Предлог тип: Вилијамсон >24,5 поени (1.87)

 

Далас маверикс – Мемфис гризлис (02:30ч)

Домаќините уште не се сигурни дали Дончиќ ќе игра, бидејќи има настинка и неговиот настап е под знак прашалник. И Мемфис се мачи со повреди, но тоа не ги спречува да ја одржат осмата позиција на Западот преку која се обезбедува пласман во разигрувањата.

На почетокот од минатиот месец Гризлите триумфираа на гостувањето во „Американ ерлајнс центарот, и во тој меч Дончиќ не играше поради повреда, па таа ситуација гостите ја искористија да се реваншираат за поразот во првата овосезонска средба кој го претрпеа во ноември минатата година. Последните четири меѓусебни средби наговестуваат дека и ноќеска ќе биде висок учинокот на двете екипи.

Предлог тип: >225,5 поени (1.85)

- Оглас -

Најнови вести