Спектакл во Ријад: Реал по 120 минути стигна до историска победа над Барселона (Видео)

Реал Мадрид се пласира во финалето на Супер купот на Шпанија откако дури по 120 минути игра го победи најголемиот ривал Барселона со 3:2, на неутрален терен во Ријад, Саудиска Арабија.

Кралскиот клуб двапати беше во водство, Барселона двапати израмнуваше, па по 90 минути беше нерешено. Винисиус Јуниор го отвори гол-шоуто во 25-тата минута, а Лук де Јонг израмни пред крајот на првиот дел. Двата погодоци може да ги видите ТУКА.

Во второто полувреме повторно Реал прв даде гол. Карим Бензема погоди во 72-рата минута, а тинејџерот на Барселона, Ансу Фати израмни во 83-тата минута, па мораа да се играат продолженија.

Во 98-мата минута, херој на Реал беше дефанзивецот Валверде, кој погоди по една одлично одиграна контра на Кралевите. За Реал ова беше јубилејна 100-та победа во официјалните мечеви против Барселона. Во 248 меча, Барселона остана на 96 победи, а 52 средби завршиле нерешено.

Во финалето на Суперкупот, Реал Мадрид ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

- Оглас -

Најнови вести