Ѕвезденои небо за македоинските фудбалски јунаци направија со своите мобилни телефони околу 20 илјади навивачи на арената „Тодор Проески“, а се славеше голема победа против Словенија во квалификациите за настап на ЕП 2020 година.
Изгледаше спектакуларно, а Пандев, Елмас, Алиоски и сите што играа апсолутно заслужија ваков момент.
Трибините на Арената блескаа, исто како и нашите репрезентативци на теренот, а победата од 2:1 не остава во игра за настап на ЕП следната година.