Русинот Ислам Махачев го нокаутираше Александар Волкановски во првата рунда и потврди дека е број 1 во ултимејт фајт во лесна категорија.
Австралиецот со македонско потекло пред само 20-тина дена ненадејно доби прилика да се бори за титулата, влета како предизвикувач на местото на Чарлс Оливеира, но очигледно дека немаше доволно време да се подготви за битката која можеше да значи историја.
За Волкановски ова е втор пораз од Махачев годинава.