Спектакуларна кореографија ќе го пречека Ливерпул на „Камп Ноу“ (Фото)

Навивачите на Барселона се подготвени и со нетрпение го очекуваат дуелот против Ливерпул на „Камп Ноу“, кој се игра в среда. Каталонскиот гигант е домаќин на првата средба од полуфиналето во Лигата на шампиони и се надеваат дека ќе стекнат добар резултат, пред реваншот на „Енфилд Роуд“, кога и ќе се знае финалистот во елитното натпреварување на УЕФА.

Овој двомеч меѓу Барса и Ливерпул многумина го нарекоа и како финале пред финале, бидејќи тоа се главните фаоврити за трофејот, ако се знае дека во второто полуфинале ќе играат Ајакс и Тотенхем. Иако има повеќе од 50 часа до почеток на средбата во Барселона, фановите веќе се подготвени, а каталонците се пофалија и со кореографијата која ја подготвуваат за последниот меч на свој терен сезонава во европски рамки.

Кога в среда на терен ќе истрчат играчите на двата тима, најголемиот стадион во Европа, „Камп Ноу“ треба да изгледа спектакуларно, а пораката која ќе биде упатена, е повеќе од јасна „Подготвени да ја обоиме Европа“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести