Специјален сингл на Sport Life: Црвено-белите одат по прва победа во ЛШ, Красо и Иваниќ главни адути да ги израдуваат Делиите (Фото)

Sport Life подготви специјален сингл со доста различни игри за обложувачите за натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите меѓу Црвена ѕвезда и Јанг бојс, кое ќе се игра на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Двете екипи загубија со идентични 3:1 во првото коло, Црвена ѕвезда од Манчестер сити, додека Јанг бојс на домашен терен од Ред Бул Лајпциг. Квотата за триумф на Црвена ѕвезда изнесува 2.10, додека за Јанг бојс е 3.45

Со специјалниот сингл може да се погодува победникот и да се игра кој ќе го постигне првиот гол, кој играч ќе даде гол на натпреварот.

Главен адут на Црвена ѕвезда да го постигне првиот гол на натпревар е Жан-Филип Красо, а квотата изнесува 5.55, додека за да постигне гол во текот на мечот е 2.50.

Втор адут на Црвено-белите е Мирко Иваниќ, за кого квотите се 8.00 и 3.50, додека голови може да се очекуваат и од Ндаје, Канга, Кангва, Букари.

Кај швајцарскиот шампион, најмали се квотите за Жан Пјер Нсаме и изнесуваат 7.00 да го постигне првиот гол, а 3.10 да се запише во листата на стрелци.

Може да се обложите кој тим прв или последен ќе изведе корнер, кој тим прв ќе добие жолт картон, прв црвен картон, кој тим прв ќе изведе пенал, а тука се и игрите со број на корнери во текот на средбата и во кој интервал од 10 минути ќе се постигне првиот погодок.
Исто така може да се типува и резултатот во 15-та минута, во 30-та и во 60-та минута.

- Оглас -

Најнови вести