Спинацола успешно опериран, Мурињо му бара замена во Мадрид

Рома потврди дека Леонардо Спинацола успешно ја мина операцијата на Ахиловата тетива од неговата лева нога. Левиот бек се повреди за време на мечот меѓу Италија и Белгија во четвртфиналето на ЕП, па не ќе може да им помогне на Аѕурите во остатокот од шампионатот.

На Спинацола му следува долга пауза, дефинитивно ќе го пропушти поголемиот дел од наредната сезона, а во меѓувреме, Жозе Мурињо замената за Спинацола ја бара во Мадрид, поточно во клубот кој го водеше три години.

Специјалниот во своите редови го посакува Марсело од Реал, ангажман кој би бил тежок за остварување со оглед на тоа дека искусниот Бразилец е назначен за нов капитен на Кралевите по заминувањето на Серхио Рамос. Марсело има уште една година од договорот со шпанскиот вицепрвак и планира да го одработи до крај, иако претходно се наоѓаше на излезна врата.

Останува да се види дали Мурињо ќе успее да го убеди својот поранешен играч да му се придружи во Вечниот Град.

- Оглас -

Најнови вести