Спировски претставен како нов играч на АЕК Ларнака (Фото)

Македонскиот репрезентативен фудбалер Стефан Спировски официјално беше претставен како ново засилување за АЕК Ларнака откако ги мина медицинските тестови и потпиша двегодишен договор со клубот чии членови се неговите сонародници Иван Тричковски и Даниел Мојсов.

Битолчанецот кариерата ќе ја продолжи на Кипар, по одличните настапи во Хапоел Тел Авив. Спировски е поранешен играч и на Ференцварош, Берое, Работнички, Вардар, Борац Чачак и Пелистер.

„Среќен сум што сум тука и дел од АЕК Ларнака. Ќе дадам сè од себе во остварувањето на успеси со клубот и секогаш многу повеќе сакам да зборувам со добри игри на теренот“ – изјави Спировски.

- Оглас -

Најнови вести