Според Квотите на денот, можеби ќе има продолженија на „Вембли“

Челзи и Манчестер сити ќе го одредуваат првиот овосезонски финалист во ФА Купот, а големи се шансите на „Вембли“ да има продолженија доколку Граѓаните како фаворити не ја завршат работата во 90 минути.

Типот X2 и ГГ нуди одлична квота од 2.50 , затоа што тимот на Пеп Гвардиола посакува да ги прибере сите трофеи во Англија, ако се знае дека е и финалист во Лига Купот, а исто така сигурно чекори кон титулата во Премиер лигата.

Во Севилја се среќаваат Барселона и Атлетик Билбао во битка за трофејот во шпанскиот Куп. Баскијците пред околу две недели го загубија првото од двете финалиња, она кое беше предвидено да се одигра во ланската сезона, а без пехарот остана по минималниот пораз од ривалот Реал Сосиедад.

И сега се очеква Билбао да остане без посакуваниот успех, односно Барса предовдена од Лео Меси да триумфира во ефикасен меч, поточно типот 2 & 2-5 гола да биде точен кој нуди квота 2.20.

Баерн Минхен ќе го истури гневот врз Волфсбург по елиминацијата во ЛШ, односно ќе атакува на шеста последователна победа на „Фолцваген арената“. Двознакот X2 врзан со 3-6 гола нуди топ-квота од 2.40.

- Оглас -

Најнови вести