Како што се ближи крајот на сезоната во најсилните лиги во Европа, така расте и возбудата околу расплетот. Во 31-вото коло на Спортска прогноза има 13 примамливи мечеви за прогнозирање, но посебен фокус привлекуваат четири дерби-дуели кои ќе се играат во четирите најсилни лиги во Европа.
Во најголемото дерби во светот, Барселона е домаќин на Реал Мадрид, а над 50 отсто од прогнозерите очекуваат каталонскиот гигант да победи. Малку повеќе од една четвртина веруваат во триумф на Реал Мадрид, а останатите веруваат дека Ел Класико ќе заврши без победник.
Ливерпул ја прослави титулата во Премиер лигата, а сега на „Енфилд роуд“ ќе игра против најголемиот конкурент што го имаа сезонава, Арсенал. Над 60 отсто од прогнозерите очекуваат да биде „кец“, додека во победа на Арсенал веруваат малку повеќе од 10 отсто.
Кога се работи за дерби во италијанската Серија А, како да е традиција најмногу да се верува дека ќе заврши нерешено. Така е и за дуелот меѓу Лацио и Јувентус. Во Старата дама, која е гостин на дербито, веруваат 30 отсто, а победа на Лацио чекаат околу 20 отсто од прогнозерите.
Во Бундеслигата Баер Леверкузен е домаќин на Борусија Дортмунд, а прогнозерите се речиси израмнети околу тоа кој може да победи.
За секој прогнозер главен предизвик е да се обиде да стигне до Среќна 13-ка односно да ги погоди сите 13 понудени мечеви. Оној кој ќе успее да биде перфектен со 13 погодоци, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12-ка следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а 11-ката носи вауер од 500 денари.