Sport Life нуди богат избор од игри за ракометниот меч Македонија – Грција

Победата на ракометната репрезентација на Македонија во дуелот со Грција во Струмица е извесна, сите параметри се во полза на екипата на селекторот Данило Брестовац, но за оние обложувачи кои бркаат поголеми квоти и не задоволуваат само со погодениот „кец“, може да се обидат и на многу други прогнози.

Освен на конечен тип и двојна шанса, во понудата на Sport Life има да се погоди исходот на полувреме и крај, да одберете колку голови ќе паднат на целиот натпревар и по првото полувреме, каков ќе биде исходот по првото полувреме. Тука се и хендикепите, поточно да погодите со колкава разлика ќе биде изразена победата на домашните, колкава ќе биде разликата по првото полувреме, а се нуди и игра на среќа со убави коефициенти, да погодите дали на мечот во „Парк“ ќе има парен или непарен број на голови.

Ја има и комбинацијата од конечен тип со број на голови. Може да прогнозирате и дали македонскиот национален тим ќе постигне повеќе или помалку од 30 голови, и дали нашите јужни соседи ќе дадат 25 или помалку голови.

Македонските љубители на ракометот и пошироката јавност посакуваат победа, со која „црвено-жолтите“ како први во групата ќе одат на Европско првенство и ќе бидат во повластен шешир при ждрепката за наредните квалификациски циклуси.

- Оглас -

Најнови вести