Спортинг доцнеше на „Велодром“ половина час и веднаш за 50 секунди постигна гол (Видео)

Фудбалската експедиција на Спортинг Лисабон имаше многу проблеми за да се пробие до стадионот „Велодром“ во Марсеј, а кога гостите стигнаа со речиси полчасовно задоцнување, веднаш постигнаа и гол.

Напаѓачот Тринкао не чекаше долго и за 50 секунди од стартот на мечот ја затресе мрежата на Олимпик Марсеј.

Голот на 22-годишниот фудбалер на гостите од Португалија можете да го погледнете ОВДЕ.

Од 18.45 часот се игра уште еден меч во Лигата на шампионите, а Баерн во Минхен по половина час игра има убедлива предност од 3:0 со головите на Сане, Гнабри и Мане против Викторија П’лзењ.

 

- Оглас -

Најнови вести