Спортинг ја победи Бенфика и маршира кон прва титула по 19 години (Видео)

Спортинг го доби лисабонското дерби против Бенфика со 1-0 и потврди дека сезонава е сериозен кандидат за освојување на титулата во португалското првенство и прекинување на доминацијата на Порто и Бенфика, кои се единствени прваци од 2003 наваму. Последната 18-та титула на Лавовите беше во 2002 година.

Сезонава Спортинг нема пораз и по 16 кола е прв, со четири бода плус во однос на вториот Порто, додека Бенфика падна на четврто место со девет бода помалку од Спортинг.

Голот кој го одлучи синоќешното градско дерби падна во 92-рата минута, а стрелец беше Матеуш Нунес:

- Оглас -

Најнови вести