Спортинг го продава Ристовски и уште четворица играчи за да заштеди 20-тина милиони евра

Рубен Аморим го почна подмладувањето на клубот, а во петорката фудбалери на кои не смета во иднина е и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Тренерот што е најскап во историјата на Спортинг и Лавовите го платија над 10 милиони евра при трансферот од Брага, сака да го подмлади тимот.

Кај Ристовски имаше неочекуван пресврт откако беше најавено дека ќе го продолжи договорот со Спортинг, но потоа се најде на трансфер-листата.

Целта е и да се заштедат пари со продажбата на петтемина играчи. Ристовски, Акуња, Розие, Илори и Борха го чинат клубот 22 милиони евра на годишно ниво, а Аморим одлучи дека не му се неопходни.

За Ристовски имаше интерес од Волфсбург, кој понуди три милиони евра за десниот бек на македонската репрезентација, а Спортинг бара четири.

Леонардо Корси, менаџерот на нашиот интернационалец најави дека интерес има и од италијански клубови за сè уште актуелниот член на Спортинг.

- Оглас -

Најнови вести