Илја Литвинов, хокеарот на Динамо Минск, е меѓу уапсените поради учество во протестите против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, а во фронтот учествуваа голем број спортисти.
Литвинов објави фотографија по протестите, а видливо е дека има модрици на лицето. Веднаш потоа е упасен, но како што е објавено, тој е пуштен од притвор.
Меѓу упасените е и Антон Сарока, фудбалер на БАТЕ Борисов и белоруски репрезентативец, за кого сè уште нема информација дека е на слобода.
Над 5.000 луѓе се зад решетки по протестите, кои се жестоки. Покрај Литвинов и Сарока, приведени е и кикбоксерот Алексеј Кудин, за кого имаше информација дека е на слобода, но таа ја демантираше неговиот колега Денис Гончаренок.