Третото коло на Спортска прогноза можеби ќе биде среќно и некој ќе освои „ајфон 11“

Првите две кола покажаа дека прогнозерите се во одлична форма, па малку недостасуваше во втората рунда на Спортска прогноза да биде доделен и првиот „ајфон 11“, кој е главна неделна награда на „Среќна 13-ка“.

Двајца прогнозери имаа по 12 погодоци и тоа е охрабрување дека и не е невозможно да се стигне до максимален број на погодени натпревари. Од вчера имате нова шанса во бесплатната игра на Спорт Манија и Sport Life, до сабота во 15.30 часот може да се прогнозира за третото коло.

Колото стартува со мечот меѓу Баер и Лајпциг, додека половина час подоцна играат Кристал палас и Евертон. Според досегашните прогнози, фаворити се гостинските екипи.

Во миксот од различни првенства има и три дербија: Галатасарај – Фенербахче, Рома – Јувентус и Ливерпул – Арсенал. Интересно е што според процентите на оние што досега прогнозирале, на овие три меча има изразени фаворити. Над 70 проценти од прогнозерите се изјасниле за „единица“ кај сите сите овие мечеви кои на хартија би требало да бидат неизвесни и возбудливи.

Потсетуваме дека тука се и двата резервни пара, кои носат важни поени во битката за Генерален пласман и за конечен победник во третата сезона на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести