СПОРТСКА ПРОГНОЗА: Ајнтрахт ја заврши мисијата во Лигата на Европа против Бенфика, но сега мисли на ЛШ

Ајнтрахт Франкфурт синоќа се пласираше во полуфиналето на Лигата на Европа, но сега целта е да играат во Лигата на шампионите. За тоа да го исполнат, Ајнтрахт треба да триумфира во Лигата на Европа или да биде во топ 4 екипите во Бундеслигата. Моментно Ајнтрахт е на посакуваното четврто место, но има само еден бод повеќе од Борусија Менхенгладбах.

Следниот предизвик за Ајнтрахт е гостувањето кај Волфсбург, кој единствен мотив може да најде во трката за шестото место кое води во Лигата на Европа. Овој интересен пар е дел од Спортска прогноза. Вкупно 13 мечеви се дел од колото кое започнува в сабота.

Погодени 13 парови, односно „Среќна 13-ка“ носи освојување мобилен телефон iPhone XS, додека еден утнат пар ќе ви донесе мобилен телефон Samsung Galaxy A6 2018. Со 11 и 10 погодоци ќе добиете вредносни ваучери од Sport Life од по 500 и 200 денари.

Затоа не чекајте и прогнозирајте.

За најредовните играчи на Спортска прогноза, дополнителен мотив да не се пропушти ова коло е и рангот во Генерален пласман, каде што исто така има вредни награди за најдобрите.

- Оглас -

Најнови вести