Спортска прогноза: Бидете претпазливи во типувањето на дербито меѓу Челзи и Манчестер јунајтед

Во новото 25-то коло на Спортска прогноза, кое е достапно за учество до 16 часот во сабота, како најтежок пар за прогнозирање е англиското дерби меѓу Челзи и Манчестер јунајтед, кое ќе се игра на „Стемфорд бриџ“ во недела попладне.

Ривалството кое се создаде меѓу овие два гиганти во ерата на Абрамович го направи Манчестер јунајтед доста непосакуван гостин во Западен Лондон. Особено непријатни беа Црвените ѓаволи во последните три гостувања, кои сите ги добија со вкупна гол-разлика од 6-1. Јунајтед по еднаш славеше во лигашки рамки, ФА купот и Лига купот на Англија, односно последниот гостински пораз го претрпе во мај 2018 година.

Челзи се прероди под палката на Томас Тухел. Во вкупно осум меча, Сините издвоија шест победи и две ремија, во кои примија само два гола, а вчера направија исчекор кон четвртфиналето во ЛШ со триумфот на гости кај Атлетико Мадрид со 1-0. Враќањето на формата во пресрет на ова дерби е доста важно, па затоа прогнозирањето е исклучително тешко.

Од ова дерби многу зависи трката за главниот подарок „ајфон 11“, кој се добива за погодени 13/13 парови. Секако, има награди и за еден, односно два промашени парови, а тоа се ваучери во Sport Life од 1.000, односно 500 денари.

Резервните парови Алавес – Осасуна и Кристал палас – Фулам се бројат во вкупниот биланс за Генерален пласман. Во Генералниот пласман има мртва трка на врвот, првото место го делат тројца прогнозери и како што стојат работите, до крајот нема да се знае победникот.

- Оглас -

Најнови вести