Со мечевите Милан – Фиорентина и Емполи – Сампдорија, чии пресметки стартуваат во 15 часот, се отвора, новата, последна рунда од Спортската прогноза за 2018 година.
Уште го чекаме првиот добитник на мобилниот телефон „Самсунг А6“ кој е главна награда, а можеби токму ова коло ќе биде успешно и некој прогнозер и ќе успее да ги погоди сите 12 парови кои ви ги нудиме, па новата година ќе ја дочека во уште попозитивно расположение. Во досегашните девет кола имаше неколку 11-ки, но ниту еднаш не се најде јунак кој ќе ги погоди сите 12 мечеви.
Нема уште многу време за прогнозирање, првиот натпревар почнува веќе во 15 часот, а тоа се дуелите од Серија А во кои Милан ги пречекува „виолетовите“ од Фиренца, а Емполи е домаќин на „блучеркатите“.
Саботната програма нуди уште пет меча и тоа сите од различни лиги. За недела остануваат само пет дуели, па утре околу 20.30 часот, ќе се знае кој типстер колку бил успешен во прогнозирањето.
Дали токму овој викенд ќе имаме перфектен прогнозер, останува да чекаме до недела вечер. Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.
По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.