Спортска прогноза: Две италијански дербија го красат новото, деветто коло

По неуспешниот викенд во осмото коло на Спортска прогноза, од денес прогнозерите може да се поправат во битката за  освојувањето на примамливиот iPhone XS. Деветтото коло нуди нови 13+2 парa со кои може да се стигне до главната награда, меѓутоа предизвикот ќе биде точно да се прогнозираат двата дерби-дуели од италијанската Серија А.

Во сабота играат Рома и Наполи, Волчицата на „Олимпико“ повторно ќе игра дерби, откако славеше во претходното против Милан. Тој меч е закажан за 15 часот, дотогаш прогнозерите имаат време да учествуваат и да ги приложат своите прогнози.

Еднакво интересно дерби се очекува и на „Сан Сиро“, каде што на Милан му гостува Лацио. Тој дуел се игра во вечерниот термин, од 20:45 часот, во недела. За да ги видите останатите парови, треба само да кликнете на копчето кое е поставено најдолу под овој текст.

Потсетуваме дека прогнозерот што ќе ги погоди сите 13 двојки, ќе добие прекрасен мобилен телефон IPhone XS.

За 12 погодоци се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а 500 денари ваучер од Sport Life е наградата за прогнозерите што ќе имаат 11 погодени парови од основната програма.

Најдобриот прогнозер во Генералниот пласман на крајот на сезоната ќе добие Смарт ТВ од 48 инчи, вицешампионот ќе биде награден со 500.000 SL маркет поени, а до петтото место наградите се движат од 400.000 SL маркет поени, потоа 300.000, односно 200.000 поени за прогнозерот што ќе го затвори кругот во Топ 5.

- Оглас -

Најнови вести