Неефикасен викенд на Спортска прогноза – Без награди во осмото коло

Осмото коло на Спортска прогноза не помина според очекувањата, па затоа ниеден прогнозер не успеа да дојде ниту до најмалата награда. Двајца прогнозери од рекордниот број учесници (1255) во ова коло беа блиску до 11 погодени парови, со кои би зеле ваучери од по 500 денари од Sport Life, меѓутоа и двајцата погодија по 10 меча од понудените 13.

Боби и Никола се сопнаа на дуелот Осасуна – Валенисја, кој заврши во корист на домаќините со 3-1, додека споменатите прогнозери очекуваа триумф на Лилјаците, односно дека мечот ќе заврши без победник и поради тоа останаа без вредносните ваучери на Sport Life.

Има промени во рангирањето во Генералниот пласман. П. Александар изби на чело на табелата со вкупно 59 погодени парови, а исто толку има и лидерот од минатото коло, Д. Дејан. Васко и Владимир ги следат водечките прогнозери со 57, односно 56 точни парови, додека од петтата до 11-тата позиција седум прогнозери имаат по 55 погодени.

Спортската прогноза продолжува и денес, деветтото коло ќе биде достапно од 14 часот, кога ќе ги објавиме новите 13+2 парови.

- Оглас -

Најнови вести