Спортска прогноза ги чека вашите прогнози до 16 часот, не го пропуштајте колото!

Сабота е последен ден во кој може да се типува на бесплатната Спортска прогноза и да се надевате на премијата „ајфон 11“ или ваучери од Sport Life во вредност од 1.000 или 500 денари. Во понудата за 25-тото коло има и потешки и полесни натпревари за прогнозирање, барем на хартија, и ова е прилика со точни прогнози да добиете награда и да си ја подобрите позицијата во генералниот пласман.

Во основната понуда од 13 натпревари, прв меч е оној на Вест Бромвич и Брајтон кој стартува во 16 часот и тоа е терминот до кој може да типувате. Само 15 минути подоцна стартува дербито Севилја – Барселона. Кај овој пар, засега најмногу прогнозери типувале на двојка, но процентот од 40 отсто за победа на гостите не е толку голем, бидејќи останатите 60 проценти сметаат дека Севилја нема да загуби.

Околу 60 отсто сметаат дека Лидс ќе ја победи Астон Вила и веруваат во победа на Порто над сезонава одличниот Спортинг Лисабон, а за Хетафе и Валенсија, најмногу прогнозери типуваат на нерешено.

Најголема поделеност кај играчите има за утрешниот дуел Рома – Милан. Една третина се за победа на Рома, малку повеќе (34,9 проценти) типувале победа на Милан, а 31,8 проценти сметаат дека ќе биде нерешено. За англиското дерби Челзи – Манчестер јунајтед, најголем дел веруваат во победа на лондонските Сини, една четвртина се за двојка, а нешто над 30 проценти мислат дека ќе заврши без победник.

Во ова коло немаме понеделнички мечеви, веќе в недела вечер ќе се знае дали ќе има добитници на награди. За погодени 13 парови Sport Life ве наградува со „ајфон 11“, а и една до две утки можат да ви донесат ваучери за уплата на тикети во сите уплатни места на обложувалницата.

Не чекајте, одиграјте го 25-тото коло на Спортска прогноза и учествувајте во трката за премијата „ајфон 11“.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести