Спортска прогноза со коло што е раритет – Вечно дерби ќе се игра во Белград, Дела Мадонина ќе му парира во Милано

Милано во сабота и Белград во недела ќе бидат европскиот фудбалски епицентар со две големи и значајни градски дербија меѓу Интер и Милан, односно Партизан и Црвена ѕвезда.

Таман за нов голем предизвик за сите учесници во нашата игра Спортска прогноза што е бесплатна, а се игра за „ајфон 11“ во секое коло и многу други вредни награди и ваучери во Sport Life во вредност од 500 и од 1.000 денари.

Дербито Дела Мадонина во сабота од 18 часот ќе ја продолжи фината традиција на градски пресметки меѓу Интер и Милан, две екипи што делат ист стадион со различни имиња.

Задутре Интер ќе биде домаќин, па ќе се обиде на „Џузепе Меаца“ да го победи во последно време непобедливиот Милан.

Ден подоцна, од 17 часот Белград ќе живее за фудбалот, а на ред е нова епизода од вечното дерби меѓу Партизан и Црвена ѕвезда на популарната ЈНА.

Стандардно, понудата е составена од 13 пара, што треба да се погодат за да се добие прекрасната награда „ајфон 11“, а има и две резерви кои се бодуваат за Генерален пласман во трката за ТВ Смарт од 48 инчи, што ќе го добие шампионот во третата сезона на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести