Спортска прогноза: Мобилниот телефон и ваучерите ги чекаат најдобрите прогнозери

Спортска прогноза викендов го има деветото коло. Како и досега, 12 возбудливи мечеви се на „менито“ за сите оние кои сакаат да си ја пробаат среќата и да прогнозираат, а ако имаат успех, да добијат дури и мобилен телефон „Самсунг А6“.

Од сите средби кои ви ги нудиме, секако најатрактивна е таа на „Енфилд Роуд“ меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед. Дербито на најтрофејните англиски клубови е утре. Возбудувањата во ова коло ќе започнат од 15:30 часот и тоа со стартот на дуелот Аугсбург – Шалке во Бундес лигата. Саботната програма нуди уште четири меча и тоа сите од Премиер лигата.

Во недела се играат шест меча од понудените двојки за Спортска прогноза, а колото завршува со дуелот Аталанта – Лацио кој се игра в понеделник од 20:30 часот.

Во досегашните осум кола имаше неколку 11-ки, но ниту еднаш не се најде јунак кој ќе ги погоди сите 12 мечеви. Освен телефонот, кој следува за перфектно прогнозирање, секое коло тука се и ваучерите од Sport Life. За 11 погодени натпревари, следи ваучер од 1.000 денари, за 10-ка се добива ваучер од 500 денари, додека 200 денари ваучер имаат сите оние со девет погодоци на Спортска прогноза.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

- Оглас -

Најнови вести