Спортска прогноза: Новото коло ви нуди убава шанса да дојдете до наградите

Новото коло од попопуларната и бесплатна игра на Спорт Манија, Спортската прогноза, веќе е во тек, а на 13 основни фудбалски парови, плус две резерви кои се бројат за генерален пласман, можете да типувате од денеска до сабота.

Наградите се привлечни, главната е „iPhone XS“, а тука е и мобилниот телефон „Samsung Galaxy A6 2018“. Има и ваучери од 500 и од 200 денари што ги доделуваат обложувалниците на Sport Life.

Италијанското дерби помеѓу Интер и Јувентус е еден од понудените саботни мечеви, од неделните треба да го погодите исходот на англиското дерби Манчестер јунајтед – Челзи, како и дали Горан Пандев со Џенова ќе го победи СПАЛ. Како за крај, во понеделник погоден фикс на Фиорентина и Сасуоло можеби ќе донесе некому вредна награда.

Колото започнува со дуел во Бундеслигата меѓу Хановер и Мајнц, меч што ќе се игра во сабота, од 15.30 часот. Дотогаш можете да го одиграте новото издание на Спортската прогноза со 13 интересни двојки и два резервни, кои се сметаат во играта за Генерален пласман.

Погледнете ги сите парови за 15-тото коло и обидете се да го поправите резултатот од претходниот викенд или вклучете се во трката за наградите.

 

- Оглас -

Најнови вести