Спортска прогноза: Последно коло за оваа сезона, последна шанса да се освои примамливиот iPhone XS

Финишот на дебитантската сезона на Спортска прогноза треба да биде успешен како никогаш досега. Ова е 17-то пролетно коло, воедно и последно, но ние уште го чекаме првиот добитник на главната награда за погодени 13 парови, iPhone XS. Досега двајца прогнозери се израдуваа со мобилниот телефон Samsung galaxy А6 со погодени 12 пара.

Од новите 13 парови, како најинтересни ќе бидат дуелите меѓу Рома и Јувентус и меѓу Марсеј и Лион. Во текот на оваа работна недела ние ќе се обидеме да ви ги поедноставиме работите со кратки анализи за да можете успешно да прогнозирате. Само четири од вкупно 13 парови се предвидени за во сабота, останатиот дел од мечевите се играат во недела, додека Болоња и Парма во понеделник ќе го комплетираат колото.

Прогнозерите кои досега не ги проверија резултатите од претходното коло може да проверат ТУКА. Исто така се знае најновиот редослед на табелата во Генералниот пласман, тоа можете да проверите на следниот ЛИНК.

Доколку не се добие победник во Генералниот пласман по последното коло на Спортска прогноза, односно неколку прогнозери имаат еднаков број точни прогнози, за нив ќе следува едно дополнително коло по кое ќе се одреди победникот. Во случај и тогаш да не се издвои најдобар прогнозер или, пак, од второ до петто место ќе се сметаат учиноците според секое коло (пример: прогнозерот со 5×10 точни прогнози е подобар од прогнозерот со 4×10 точни прогнози).

 

- Оглас -

Најнови вести