Селтик е домаќин на Ренџерс во еден од најголемите градски дерби-дуели во целиот свет. Повеќе од 130 години трае ривалитетот на двата клуба кои се убедливо најтрофејни во Шкотска. И сега на табелата првите две места се за гигантите, но Селтик има комотна предност од 10 поени пред Ренџерс.
На страната на Селтик е и фактот што в недела ќе биде домаќин и ќе игра пред своите навивачи, што може да биде голем плус во овие средби. Ренџерс се радуваше на последниот меѓусебен меч, и тоа на минимална победа од 1-0. Со тој триумф, Ренџерс ја прекина неверојатната низа на Селтик, кој претходно дури 15 средби немаше пораз на дуелите на „Олд Фирд“.
Првиот меч го имаат одиграно на 28 мај 1888 година, а досега се запишани 415 меѓусебни пресметки. Ренџерс е за нијанса подобар и има 160 победи, Селтик се радувал на 156 средби, а 99 меча завршиле нерешено. Дали в недела ќе го видиме јубилејното 100-то реми или повторно ќе има радост на една од двете екипи, може да типувате во рамките од 11-тото коло на Спортска прогноза. Без разлика на формата и традицијата, овие мечеви секогаш се неизвесни и примамливи да се прогнозираат.
Освен шкотското дерби, на понудата на Спортска прогноза, стандардно, има вкупно 13 парови, а евентуална „Среќна 13-ка“ може да ви донесе освојување на мобилен телефон iPhone XS. Еден утнат меч повторно ќе ве доведе до мобилен телефон, и тоа Samsung Galaxy A6 2018i.
Освен мобилните телефони, секогаш се тука и вредносните ваучери од Sport Life обложувалниците за оние кои ќе имаа по 11 и 10 погодоци. Затоа прогнозирајте и бидете во игра за убави добивки, но секако и за да останете во трка за Генералниот пласман, каде што најдобрите во текот од целата сезона ќе добијат вредни подароци.