Спортска прогноза со неколку мега дербија, типувањето трае до сабота во 13.30

Новото, 20-то коло на Спортската прогноза нуди 13 интересни фудбалски мечеви на кои ќе биде предизвик да се погодат фиксовите и да се стигне до Среќна 13-ка, односно освојување на главната премија Ајфон 12.

Подароци има и за оние кои ќе погодат 12 или 11 парови. За нив следуваат вредносни ваучери од по 1.000 односно 500 денари од Sport Life.

Големото дерби меѓу Милан и Јувентус кое се игра в недела, е еден од најинтересните мечеви во понудата, а тука прогнозерите се и најподелени. Од оние прогнозери што досега типувале, 40 отсто се за нерешено, 35 проценти веруваат во победа на Милан, а нешто над 24 проценти ставиле двојка за триумф на Јуве.

Има уште еден интересен меч во Италија, Лацио ја пречекува Аталанта, а и тука нема голем фаворит. Затоа пак, за холандската пресметка на ПСВ и Ајакс, голем дел прогнозери, околу 60 проценти типуваат победа на гостите. Огромен фаворит на прогнозерите е и Челзи, над 80 отсто типувале кец на градското дерби со Тотенхем.

Треба да се типуваат и двата резервни парови кои се сметаат во табелата за генерален пласман, а за 20-тото коло, може да се прогнозира до сабота во 13.30 кога почнува првиот меч од основната понуда.

Не чекајте многу, прогнозирајте уште денеска.

- Оглас -

Најнови вести