Србија и Хрватска добија, а Македонија ја очекува уште поголем џекпот ако се пласира на СП во Катар

Македонската репрезентација може да очекува финансиски џекпот доколку се пласира на Светското првенство во Катар.

Пласманот на собирот на најдобрите светски репрезентации ќе ја збогати касата на ФФМ за 12 милиони долари.

Тоа е сумата којашто ќе ја добијат селекциите на Србија и Хрватска откако вчера обезбедија настап нашампионатот.

Но, Македонија ќе има уште поголеми премии бидејќи ќе треба да одигра два натпревари, на коишто оствари победа, кои исто така ќе бидат добро платени од ФИФА.

Воедно, би имала и евентуален профит и од билетите доколку бидеме домаќини, а тоа би го дознале преку ждребка.

Два милиони селекциите ќе добијат за подготовки за СП, додека десет милиони евра за настапот во Катар.

Финансиите ќе бидат значително зголемени со одигрување на натпреварите од групната фаза.

Но, да одиме чекор по чекор и најпрвин да ги дознаеме, а потоа и да ги елиминираме противниците во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести