Европскиот првак Пари Сен Жермен планира да го засили средниот ред со младиот плејмејкер од Вест хем, Матеуш Фернандеш, пренесуваат француските медиуми.
Дваесет и едногодишниот Португалец внимателно е следен од спортскиот директор на парижаните, неговиот сонародник Луис Кампос, кој важи за еден од клучните луѓе во трансферната стратегија на клубот.
Фернандеш е дел од Вест хем од август 2025 година и има договор до 30 јуни 2030 година. Во сезоната 2025/26 досега има забележано пет голови и четири асистенции на 37 натпревари, со што го привлече вниманието на неколку европски гиганти.
Според проценките, неговата вредност во моментот изнесува околу 35 милиони евра, што го прави релативно достапна опција за клуб со финансиска моќ како ПСЖ. Тој треба да биде наследникот на Витиња на „Паркот на принцовите“.

