Србија и Хрватска се единствени европски селекции кои во последните 20 години губат од Бразил на СП

Бразил синоќа покажа сила против Србија и победи со 2:0, но ако се погледнат резултатите на петкратниот светски првак со останатите европски селекции, ситуацијата за Кариоките не е поволна. Во последните 20 години, Бразил успеал да слави само над балканските земји Србија и Хрватска, додека во средбите со останатите европски селекции не поминувал најдобро.

Бразил ја победи Хрватска во 2006 и 2014 со 1:0 и 3:1, а против Србија освен синоќешниот триумф, се има радувано и пред четири години, исто така со 2:0.

Во меѓувреме, во останатите седум меча против европски селекции, Бразил нема ниту една победа. Кариоките ремизираа во дуелите со Португалија и Швајцарија, а дури петпати загубија, и тоа во средбите против Франција, Холандија, Германија, Холандија и Белгија.

Последната победа на Бразил против европска селекција, а тоа да не е Србија или Хрватска, е во финалето на Мундијалот во 2002 година, кога јужноамериканскиот гигант со 2:0 беше подбар од Германија и така стигна до рекордната петта светска титула.

- Оглас -

Најнови вести