Велшкиот фудбалски сојуз го ангажираше Србинот Драган Кузмановиќ за официјален превдувач на прес-конференциите пред мечот меѓу Велс и Хрватска, а веднаш увидоа дека се грешка, но веќе беше доцна.
Препораката на маркетинг агенција за ангажман на Кузмановиќ за преведувач се покажа како голем кикс, но Велшаните беа немоќни да ги поправат работите.
Србинот си ги преведуваше изјавите во една реченица, иако Бејл беше расположен за муабет, а Перишиќ дури и не можеше да ја сокрие насмевката.
Кузмановиќ доби опомена од хрватскиот портпарол да преведува точно како што говори Перишиќ, а репрезентативецот на гостите само се насмевна.
Погледнете го видеото со изјавите на Бејл и на Перишиќ и преводот на Кузмановиќ.
Видеото со изјавите на Перишиќ погледнете го ОВДЕ.