30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Србин ќе биде тренер на Торонто репторс

Србинот Дарко Рајаковиќ ќе биде нов тренер на Торонто репторс, објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Преговорите се во завршна фаза и за очекување е најдоцна до понеделник, Рајаковиќ и официјално да биде назначен за тренер на НБА-шампионот од 2019 година.

Рајаковиќ е во НБА-лигата од 2014 година, во првите пет сезони беше помошник тренер во Оклахома сити тандерс, потоа една сезона помина како помошник на Игор Кокошков во Феникс санс, по што се пресели во Мемфис гризлис.

Покрај Рајаковиќ, во игра за тренерското столче во Торонто беше и селекторот на шпанската репрезентација, Серџо Скариоло.

Тој ќе го наследи Ник Нурс кој пет години седеше на клупата на Торонто и на тимот му ја донесе единствената титула.

- Оглас -

Најнови вести