22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Србите добиваат огромно засилување за дуелот против Франција

Репрезентацијата на Србија ќе бара чудо и победа над Франција за да се надева на понатамошен пласман во елиминациите на Европското првенство.

Нашиот северен сосед за оваа средба ќе биде потпомогнат и од најдобриот ракометар Петар Ненадиќ, кој е нецелосно закрепнат од повредата на бутниот мускул и ќе истрча на теренот.

За пласман понатаму на Србија ќе ѝ биде потребна разлика од два гола, со што би била сигурен патник во понатамошната фаза. Иако сето ова звучи тешко остварливо, ракометот многупати ни има покажано дека никој не смее предвреме да биде отпишан.

- Оглас -

Најнови вести