Србите и Португалците стравуваат, ќе им судија мераклија за покажување црвени картони

Холандскиот судија Дени Мекели е одреден да дели правда на дербито Србија – Португалија од квалификациите за СП, а тоа и не е баш добра вест за играчите. Мечот се игра утревечер во Белград, а Мекели е елитен арбитар кој го „краси“ една карактеристика, лесно покажува црвени картони.

На 82 меѓународни натпревари на кои што бил главен судија, Мекели исклучил дури 23 играчи. Интересно е што тој е побрутален кон домашните, отколку кон гостинските тимови. Билансот на црвени картони му е 14 за домашни и 9 за гостински екипи.

- Оглас -

Најнови вести