Доцна се разбудивме – Србите под команда на поранешен играч на Вардар ја победија Македонија

Младите репрезентативци на Македонија за фудбалери до 19 години со пораз го почнаа квалификацискиот циклус за настап на Европското првенство, а денеска подобра беше Србија и победи со 2:1.

Огњен Ајдар со два гола во второто полувреме ги уништи надежите на нашите млади репрезентативци за добар старт на турнирот што се игра во Албанија.

Играчот на Чукарички погоди од пенал во 56-тата минута за 1:0 за Србија, а потоа беше прецизен и од игра во 65-тата минута за предност од 2:0 на избраниците што ги води селекторот Дејан Бранковиќ, кој е поранешен играч на Вардар.

Македонија се врати во игра со надеж дека ќе освои бод на премиерата, а гол постигна Бехар Фета, напаѓачот на второлигашот Воска во 78-мата минута.

На 13 ноември ќе играме со Франција, а последниот меч ни е со организаторот на турнирот, селекцијата на Албанија.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести