Србија и Данска одиграа без голови, 0-0, во Лесковац, па гостите патуваат во четвртфиналето, а нашиот северен сосед ќе мора да игра во баражот за опстанок во дивизијата „А“ од Лигата на нации.
Сепак, натпреварот можеше да има сосема поинаков тек, доколку судијата Феликс Цвајер, но и ВАР судиите го санкционираа играњето со рака на Виктор Нелсон во сопствениот шеснаесетник и досудеа пенал за Србија.
Од видеото проценете сами дали србите се во право или во право беа судиите во таа осма минута.