Средата беше среќна во Ново Село, донесе добивка од речиси 3.500 евра (Фото)

Неверојатен тикет вчера беше уплатен во објект на Sport Life во Ново Село, каде што еден обложувач со вложени 100 денари одигра осум натпревари и направи квота 2.429, која му донесе нето-добивка од 206.483 денари. Најмалата квота e 2.05, а најголемата e 5.35, а е одиграно на конечен резултат и на голови.

Убедливите победи на Интер и на Наполи во Серија А над Аталанта (4:0) и над Сасуоло (6:1) не му зададоа никакви проблеми на обложувачот од Ново Село, како и таа на Ливерпул од 3:0 над Саутхемптон иако Клоп играше со „деца“. И на неколку меча на кои беше одиграно на голови (ГГ 3+) немаше никакви проблеми, тоа се Славија – Спарта (2:2) во чешкиот куп и на дуелот од шкотската Премиер лигата, Килмарнок – Ренџерс (1:2).

Најкритични мечеви за обложувачот од Ново Село беа дуелите на гигантите во англискиот ФА куп, Манчестер јунајтед и Челзи.

 

На дуелот Нотингам форест – Манчестер јунајтед, кој заврши 0:1, беше одиграно „икс во два“. Радост на обложувачот му донесе Каземиро, кој голот за победа го постигна во 89-тата минута.

На мечот меѓу Челзи и Лидс (3:2) е одиграно 1-1 & 3+, а голот кој Сините ги однесе во четвртфиналето на ФА купот го постигна Конор Галагер во 90-тата минута и донесе голема радост и убава добивка во Ново Село.

- Оглас -

Најнови вести