Средниот ред му носи победи на Реал Мадрид

Реал Мадрид ја совлада Севилја со 2-1 во дербито на шпанската лига, а двоен стрелец беше Бразилецот Касемиро кој првпат во кариерата (клупска и репрезентативна) даде два гола на еден меч. Реал по четврти пат на свој терен имаше 0-0 по првото полувреме, но за разлика од првите три пати кога ремизираше, сега конечно победи.

Инаку, во отсуство на ефикасност од оние кои се задолжени за давање голови, напаѓачите Јовиќ и Бензема, или крилата Родриго, Винисиус и останатите, средниот ред на Реал има серија од осум голови по ред.

Реал и Севилја имаат серија од 30 меѓусебни меча по ред без нерешено. Реал славел 19 пати, Севилја 11. Кралевбите дома имаат серија од 13 победи по ред против Севилја, од кои 11 се во лигата, а два во купот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести