Среќа победија, како ќе се вадеше за ваква утка (Видео)

Напаѓачот на Трабзонспор, Ентони Нвакаеме ја има утката на викендот на мечот против Карагумрук во турското првенство.

Среќа за него е што соиграчите Џанину и Омур беа прецизни и погодија по еднаш за победа на лидерот во Турција, инаку ќе беше главниот трагичар на мечот.

Нигериецот успеа да промаши од неверојатна ситуација, сам без голман и тоа од само еден метар.

Нвакаеме со пет гола е втор стрелец во таборот на Трабзонспор, екипа која е убедливо прва со 36 бода, дури 10 повеќе од второпласираната Коњаспор и третиот Хатајаспор.

- Оглас -

Најнови вести