Среќа за Партизан нема веќе „гол на гости“, пенал-рулетот им го отвори патот до ЛК (видео)

Партизан е последниот патник во плеојфот во Конференциската лига, пеналите го решија дуелот против Сочи во Хумска каде што резултатот по 120 минути беше 2-2.

Голот на Шчекиќ во последната минута од регуларниот дел погледнете го ТУКА.

Црно-белите се спасуваа во самиот финиш кога конечно нафрлување од аголот искористи Шчекиќ како златна замена на домаќините, па Партизан по вторпан анулираше негатива од еден гол против руските гости.

Во пенал рулетот без грешка погодија Живковиќ, Гомес, Сума и Вујачиќ, Цалагов во првата серија погоди во дирекот, па Родриго во последната четврта серија исто така не искористи шут од 11 метри за гостите.

Пеналите можете да ги видите на следниот ЛИНК.

Парови плејоф Лига на конференции:

Жалгирис – Бодо Глимт, Нефчи Баку – Макаби Хаифа, Флора – Шамрок, Рига – Линколн, Фола – Каират Алмати, Карабак – Абердин, Рен – Розенборг, ПАОК – Риека, Базел – Хамарби, Андерлехт – Витесе, Купс – Унион Берлин, Плзен – ЦСКА Софија, Лакс – Сент Џонстон, Феенорд – Елфсборг, Фереира – Тотенхем, Шахтар К. – Макаби Тел Авив, Раков – Гент, Сиваспор – Копенхаген, Санта Клара – , Трабзонспор – Рома, Хапоел Б.Ш. – Анортозис, Јабонец – Жилина.

- Оглас -

Најнови вести