Среќата го посака Горан и му донесе екстра 120.000 денари како победник на мартовската етапа на Среќна 13-ка

Горан Донески од Охрид е победник на мартовската етапа на промотивната игра на Sport Life, Среќна 13-ка, која му донесе награда од 120.000 денари.

Горан, кој редовно игра во Sport Life и тоа речиси 15 години, во март погоди 13 пара со поединечни квоти кои се поголеми од 1.40 и направија вкупен коефициент од 2.018.78 и ја доби главната месечна награда од 120.000 денари. Тој вели дека среќата конечно го посака, а на добитниот тикет кој му ја донесе месечната награда се одиграни 13 кошаркарски натпревари.

„Најчесто играм на конечен тип или евентуално на голови, но вечерта кога го уплаќав тикетот немаше многу избор, најголема понуда беше за кошарка и одлучив да одиграм на „плус-минус“ поени на екипите на полувреме. Бидејќи имаше и натпревари кои се играа доцна навечер, не можев да ги чекам, но пријатно се изненадив следното утро, кога видов дека тикетот е добитен. Убаво е чувството кога ќе видите дека сите натпревари се „штиклирани“ со зелено. Едноставно, не знаете кога среќата ќе ве посака и задоволен сум од добивката и од наградата“, вели Горан.

За Горан обложувањето претставува задоволство, најчесто игра на минимален влог, но ужива и во моментите кога ги прави тикетите.

„Редовно играм, и тоа најчесто во објектот на Sport Life во Летница. За мене правењето тикети претставува убав ритуал. На маса со пријатели, ем ќе испиеме кафе, ем ќе правиме тикети, а знам и да си земам билтен и дома исто така пиејќи кафе да правам тикети. Вообичаено играм на минимален влог. Најчесто играм на конечен тип, но знам да одиграм на голови. И во минатото сум имал интересни довивки, а сега сум задоволен што среќата ме посака. Ја играм и новата игра на Sport Life во која главната награда е 777.000 денари“, вели Горан.

Второто место за март го освои Дејанчо Атанасов, за што си заработи 60.000 денари, а третопласираниот Атанас Стојанов добива 20.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести