Среќата ѝ го сврте грбот на Фортуна во последните три минути

Фортуна Дизелдорф е тимот кој може да жали што не ги освои трите бода на последниот меч од 27. коло во Бундеслигата. Тимот кој се бори за опстанок гостуваше кај Келн и до 88 минута имаше водство од 2:0. Караман погоди во 41 минута, а Томи зголеми во 61 минута.

Кога се очекуваше дека гостите ќе се радуваат на триумф, се случи чудо. Модесте во 88 минута погоди за 1:2, а домаќините со голот на Кордоба во 91 минута стигнаа до 2:2. Со овој освоен бод Келн стигна до 34 бодови и е на 10 место на табелата, додека Фортуна има 24 бодови и е во зоната за испаѓање на 16 место, со три бода помалку од Мајнц, кој е сигурен на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести