Српска ракометна ѕвезда е хит, покажа како не треба да се игра одбрана (Видео)

Српскиот ракометар Петар Ненадиќ стана хит на интернет поради една снимка на која се гледа како тој „игра“ одбрана. Ракометарот на Веспрем го привлече вниманието не со гол или друг маестрален потег, туку со опуштеноста. Додека тимот се бранеше од напад на противничкиот тим, Ненадиќ буквално не правеше ништо и стоеше со рацете околу половината.

Повремено ѕирна каде е топката, кога таа се најде во голманскиот простор. Веспрем на овој меч со Балатонфуреди победи со 38-11, па затоа и Ненадиќ процени дека нема потреба да се заморува во дефанзивните задачи.

Погледнете го видеото кое стана хит поради односот на Ненадиќ:

- Оглас -

Најнови вести