Српски судија ќе оди во затвор поради овој досуден непостоечки пенал (Видео)

Судијата Срѓан Обрадовиќ е осуден на 15 месеци затвор, поради злоупотреба на службена положба. Тој со скандалозно судење, пред три сезони му помогна на Спартак Суботица да го победи Раднички Ниш, и на тимот од северот на Србија му помогнал да се избори за настап во квалификациите за Лига Европа.

Обрадовиќ досуди два пенали за Спартак, од кои вториот беше скандалозен и непостоечки. Иако играчот на Раднички топката го погоди во нога, судијата „процени“ дека имало играње со рака, и на Галебите им даде шанса да дадат гол од пенал во 79-та минута при резултат 0-0. Судијата му покажа црвен картон на еден гостински играч, со што на Спартак му ја олесни работата.

Судијата кој имал своја менувачница, доби и забрана за вршење должност во српскиот фудбал во следните 10 години. Има право на жалба на пресудата за затвор.

- Оглас -

Најнови вести