Српски тренер доби отказ затоа што на Фејсбук му честитал роденден на Путин!

Естонскиот футсал клуб Вијмси, му даде отказ на својот тренер Владимир Јовановиќ, затоа што овој Србин преку социјалните мрежи завчера му честитал роденден на рускиот претседател Владимир Путин.

„Долго да живееш имењаку. Србите и Русија браќа засекогаш“ – напиша Јовановиќ во честитката по повод 71-виот роденден на Путин на 7-ми октомври.

Само два дена после објавата, Јовановиќ доби отказ. Србинот не очекувал ваква остра реакција од клубот и немал намера да постира нешто во политичка конотација, туку да ја истакне блискоста на српскиот и рускиот народ.

„Искрено, од дното на срцето жалам што се случи ова. На потешкиот начин научив една важна лекција во животот. Но, мојот став си е мој став, секој на планетава има право на свое мислење. Јас сум од земја која си има своја традиција, исто како што имаат и Естонците. Никој не може да ми каже што да мислам, има нешто што се вика слобода на говор, демократија“ – изјави Јовановиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести