Српско чудо во Франција (Видео)

Ракометната репрезентација на Србија го направи можеби и најголемото изненадување на денешните спортски терени, откако одигра нерешено 26:26 на гостувањето против Франција, во квалификациите за пласман на ЕП 2022. Ова е втор пат за само четири дена Србија да го шокира големиот фаворит.

На 5 јануари, Србија на свој терен славеше со 27:24, а дека таа победа не бла случајна се потврди вечерва. Французите и дома беа немоќни да ја победат Србија, а неверојатно делува фактот дека Гласките петли само еднаш во текот на целиот меч имаа водство (7:6).

Во остатокот од средбата, гостите го диктираа темпото и резултатот. Србите на полувреме водеа со 15:12, а гостите три гола предност имаа и во средината од второто полувреме (21:18). Сепак, на крајот, при резултат 26:26, Франција имаше напад за победа, но голманот на Србија го одбрани последниот шут и донесе голема радост за гостите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести